Почна клучниот осми круг од преговорите на САД со талибаните во Доха

Новиот круг од преговорите меѓу САД и радикалното исламистички движење Талибан започна во саботата во катарската престолнина Доха, соопштија функционери додавајќи дека станува збор за „најважната фаза“ од разговорите чија цел е да се стави крај на 18-годишната војна во Авганистан.

Неименувни високи функционери за агенцијата Reuters рекле дека очекуваат дека на крајот од овој осми круг од преговорите би можело да биде постигнат договор за мировната спогодба, што би овозможило повлекување на странските сили од Авганистан.

„Подготвени сме за добар договор. Мировен договор кој ќе овозможи повлекување. Нашата присутност во Авганистан е условена и секаккво повлекување ќе биде условено“, напиша на Twitter америкаснкиот мировен преговарач за Авганистан, Залмаи Калилзад, истакнувајќи дека талибаните назначиле дека ќе склучат договор.

Два добро упатени извора на агенцијата рекле дека договорот за повлекувањето на странските трупи во замена за безбедносни гаранции од страна на талибаните се очекува до 13-ти август.

Во Авганистан во моментов има околу 20.00 странски војници, главно американски, во рамките на мисијата на НАТО за обука, помагање и советување на авганистанските безбедноси сили. Талибаните во моментов контролираат повеќе територија отколку пред 2011 година, кога САД извршија инвазија во земјата поради поддршката на џихадистичката мрежа Ал Каеда.