Сити преку пенали и Ливерпул до првиот трофеј сезонава

Фудбалерите на Манчестер Сити се победници на Комунити Шилд откако во неделата на лондонски „Вембли“ пред 77.565 гледачи го совладаа Ливерпул со 5:4, по подоброто изведување на ударите од белата точка.

Ливерпул и Манчестер Сити досега одиграа 180 натпревари во разни натпреварувања. Ливерпул е далеку поуспешен со 85 победи, наспроти 45 триумфи на Манчестер Сити, а 30 дуели завршиле без победник.

Манчестер Сити, кој минатата сезона ја освои „тројната круна“ во Англија, влезе во новата сезона со првиот трофеј, кој е шестиот за „Граѓаните“ во ова натпреварување (1937, 1968, 1972, 2012, 2018, 2019). Ова натпреварување, кое е своевиден Суперкуп на Англија, се одржува од 1908 година. Рекордер по освоени трофеи е Манчестер Јунајтед со 21 трофеј, а Ливерпул има освоени 15 титули.

При изведувањето на пеналите од сите десет изведувачи, само Георгинио Вијналдум не успеа да погоди. Шутираше во левата страна, каде што се фрли Калудио Браво кој го одбрани неговиот удар.

Натпреварот имаше две различни полувремиња. Во првото Сити беше подобар противник а поведе уште во 12 минута со погодокот на Рахим Стерлинг, додека во второто полувреме доминираше Ливерпул а израмни Џоел Матип во 77 минута, а во судиското продолжение од мечот „Редси“ пропуштија две големи шанси да го решат мечот во своја полза. Ова беше првиот погодок за Стерлинг против Ливерпул, клубот за кој настапуваше од 2012 до 2015 година.

Ова беше одлучен меч со низа шанси на двете страни, и гледачите може да жалат што не присуствуваа на меч со повеќе голови. Актуелниот англиски првакј поведе во 12 минута со голот на Стерлинг на асистенција на Давид Силва. Истиот играч можеше уште еднаш да биде стрелец, но во 48 минута ја погоди стативата. Стативата ја затресе на спротивната страна и бекот Виргил ван Дијк во 57 минута, а само минута подоцна рамката од голот на Сити ја погоди и Мохамед Салах. Во 61 минута Сити повторно имаше шанса да зголеми на 2:0, кога Стерлинг сам тргне кон Алисон Бекер, но реагираше почетнички и ја упропасти можноста.

Ливерпул успеа да израмни во 77 минута. Виџил ван Дијк нафрли, а Џоел Матип со глава погоди за 1:1. Во последните десет минути Ливерпил беше поблиску до трофејот, а најдобра можност имаше Салах кога во судиското продолжение откако Стоунс го блокираше неговиот удар со глава го префрли Браво но од пред самата гол-линија со „ножички“ во поле топката ја исфрли Вокер. Веднаш потоа Браво во корнер исфрли еден незгоден приземен удар откосо од Шакири.

Според правилата на Комјунити Шилд, по регуларниот дел од мечот веднаш се пристапи кон изведвањето на пеналите. Сите пет играчки на Сити беа прецизни – Гундоган, Бернардо Силва, Фоден, Зинченко и Жезус, додека по промашувањето на Вијналдум, прецизни беа Шакири, Лалана, Окслејд-Чембрлен и Сала.

Англиското првенство почнува на 9-ти август со натпреварот Ливепрул – Норич Сити, а следниот ден Манчестер Сити гостува кај Вест Хем Јунајтед. Ливерпул во рамките на Суперкупот на УЕФА на 14-ти август ќе игра со Челзи.