Вработен во „Комуналец“ пронашол ќеса со мртва девојка

Вработен во јавното скопско претпријатие Комунална Хигиена додека патувал кон селото Горно Оризари доцна синоќа наишол на црна пластична кеса со тело во истата, објави Фактор.

Случајот веднаш бил пријавен во полиција, каде екипи од секторот за внатрешни работa го превзеле трупот и го предале на судска медицина, како што наредил обвинителот. По отворањето на пластичната ќеса, откриено е дека станува збор за безживотно тело на девојка, чиј идентитет и возраст сè уште не се утврдени.

Бидејќи нема извештаи за исчезнати лица кои би можеле да бидат поврзани, истрагата за утврдување на возраста и идентитетот ќе продолжи во наредните денови.