Швајцарското обвинителство подигна обвинение против тројца германски фудбалски функционери поради сомнителни исплати поврзани за организацијата на Светското првенство во 2006 година во Германија.
Обвиненијата се подигнати против поранешниот претседател на Германското фудбалски сојуз (DFB), Тео Цванцигер, поранешниот секретар на сојузот, Хорс Шмид, и челнот на комитатот за кандидатура и потпретседатело на организацискиот одбор за мундијалот во 2006-та, Волфганг Ниерсбах, како и против генералниот секретар на ФИФА од 1999 до 2007 годиона, Швајцарецот Урс Линси, поради исплата на околу 6,7 милиони евра, се навеудва во соопштението на швајцарското обвинителство (OAG).
Случајот против поранешниот претседател на DFB, Франц Бекенбауер, кој исто така под истрага, продолжува одвоено, бидејќи неговата здравствена состојба не овозможува да биде распрашуван.
Шмид, Цванцигер, и Линси се обвинети за измама, а Ниерсбах дека бил соочесник во измамата. Сите четворица ги отфрлаат обвинувањата.
„Истрагата покажа дека во летото 2012-та Франц Бекенбауер примил заем од 10 милиони швајцарски франци на свое име и на својата сметка од еден од водечките луѓе на производителот на спортса опрема Adidas, Роберт Луис-Дрејфус. Оваа сима е искористен за различни исплaти преки една швајцарска права компанија на катарска фирма коај му приpaѓала на Мохамед бин Хамам“, се додава во обвинението.
Во тој период Бин Хамам бил ќлен на извршниот комитет на светската фудбалска асоцијација ФИФА, како и на нејзиниот финансиски комитет.
„Точната цел на исплатата на 10-те милиони швајцарски франци на Мохамед бин Хамам не може да биде утврдена, бидејќи на барањето за заемно првната помош која Швајцарскот обвинителство им ја упати на катарските власти во 2016-та до денеска не е одговорено“, се додава во соопштението на OAG.
Овие спорни исплати покренаа неколку истраги и доведоа до оставка на Ниербах, поради тврдењата дека ги користел тие пари за кувпување гласови за германското добивање на организацијата за светското првенство во 2006 година.