
„Откако излезе снимката за ’Рекет’, почитуваната Катица Јанева која е на ’ваканција’ во Калитеа ја фати глава и си плати масажа која според неименуваниот извор чинела 10 евра… Тек почеток е Катицеее, многу повеќе ќе те боли глава“, порача од својот „Фејсбук“ профил портпаролот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, објавувајќи фотографија од специјалната обвинителка на плажа во соседна Грција.
Во четвртокот италијанското издание „ЛаВерита“ објави шокантна снимка на којашто се гледа како сега притворените Бојан Јовановски – Боки 13 и неговиот соработник Зоран Милески – Кичеец го уверуваат бизнисменот Орце Камчев дека Јанева нема да се жали на одлуката да му биде укитан притворот во предмет на СЈО и зимаат торба со пари.