(ФОТО/ВИДЕО) Голем пожар од Осоговските планини се спушта кон селата над Кочани

Големиот пожар што денес попладне некаде околу 16:00 часот избувна падините на Осговоските планини во близина на селото Лешки. Поради пожарот и густиот чад зтаворен и регионалниотп пад Кочани-Пониква. Во текот на ноќта пожарот се прошири до селото Бели  и браната Градче и се гледа од Кочани. Неофицијално, причнител на пожарот е човечки фактор.

Досега е направена голема штета, а се опфатени околу 15 хеткари нискостеблеста и борова шума.

Ангажирана е комплетната ТППЕ – Кочани со сите нивни расположливи возила, а на теренот во гаснењето на пожарот се вклучени и вработени од КЈП „Водовод“ со нивната механизација, како и вработени од „Македонски шуми“, полицијата и дел од населението.

Дознаваме дека пожарот зафатил и неколку објекти викенд-куќички, уништени се голем број на пчелни семејства а изгорен е и огромен дел од шумата која се протега на овој простор.

Еден дел од пожарот е ставен под контрола, но како што дознаваме,сепак, истиот почнал да се спушта кон селото Црвена Нива што може во опасност да ги доведе и останатите села во тој реон.

За утре е најавено доаѓање на два авиони за гаснење на пожари. Поради недостапноста на теренот.

Навивачката група „Сејемени“ се понуди за помош во гасењето на пожарот, но беше одбиена засега. Сепак, тие останаа да го следат развојот на настаните.