Техничарите од кинескиот гигант Хуавеј помогнале во најмалку два случаи, на владите на Уганда и Замбија да ги шпионираат своите политички противници, објави Вол Стрит џурнал.
Имињата на вработените во компанијата, кои помогнале „упад“ во приватните комуникации на лидерите на опозицијата во тие земји, што подоцна доведе до нивно апсење, се наоѓаат во интерните полициски документи.
Вол Стрит џурнал пишува дека шпионажата вклучувала пресретнување на нивните кодирани комуникации и социјални мрежи.
Властите на двете земји потврдиле дека имало соработка со шпионски агенции и инженери на Хуавеј. Според весникот нема докази дека кинеската Влада шпионирала или ги одобрила таквите активности.
Хуавеј ги отфрли тврдењата на американскиот весник.
„Хуавеј ги отфрла овие целосно неосновани тврдења против нашето работење. Нашата интерне истрага јасно покажа дека Хуавеј и неговите вработени не учествувале во наведените активности. Немаме договори, ниту можност тоа да го направиме“, се наведува во пишаната изјава за Вол Стрит џурнал.