Израелската полиција уби еден Палестинец за кој рече дека денеска извел напад со автомобил во Западен Брег, при што повредени се двајца израелски цивили, од кои едниот е во критична состојба.
Портпаролот на израелската полиција изјави дека полицаец, кој бил во близина на местото на нападот, отворил оган откако напаѓачот удрил со своето возило удрил во цивили, во близина на израелската населба Елазар, во близина на палестинскиот град Витлеем.
.Израелската амбуланта служба соопшти дека еден од Израелците, 17-годишник, бил во несвест и претрпел „мултипсистемска траума“, додека другиот, 19-годишник, се здобил со полесни повреди.
На местото на настанот веднаш се собраа десетици израелски војници и здравствени работници.Возилото, со кое наводно бил изведен напад, имал израелски регистарски таблички, што овозможува слобода на движење и во Израел и на Западениот брег.