Според анкетниот лист кој обвинителката Ленче Ристовска го доставила до Државната комисија за спречување корупција, од целото земјиште, таа поседува една четвртина.
Обвинителката од Специјалното јавно обвинителство пред речиси еден месец пријавила и банкарски депозит со кој се стекнала „на друг начин“ во вредност од 1.700.000 денари.
Според пријавениот анкетен лист, Ристовска која дојде од тетовското обвинителство поседува скромен имот. Поседува градежно земјиште во Скопје од 480 метри квадратни кое исто така го стекнала со договор за купопродожба, како и земјоделсто земјиште во атарот на Долно Дупени, од 1.530 м2 од 2017 година, при што е наведено 1/4 идеален дел. Од подвижен имот има „рено каптур“ вредно 973.400 денари купено во 2015 година.