Брисел му порача на Џонсон дека ‘бекстопот’ и натаму е единственото решение за ирската граница

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, и Европската комисија во вторникот порачаа деак „бекстопот“ е единствениот начин на кој може да се избегне враќањето на ткн тврда граница на Ирскиот остров, откако во понеделникот вечерта британскиот премиер Борис Џонсон во писмо повика од постојниот договор за напуштањето на Обединетот Кралство на Еворпската унија да се изфрли овој механизам.

„Бекстопот“ предвидува во случај да не биде договороно поповолно решение по транзицискиот период од две години, за да се избегне тврдата граница меѓи Република Ирска како членка на ЕУ и британската покраина Северна Ирска, Обединетото Кралство да остане во царинската унија.

Џонсон во писмото до Туска истакна дека „бекстопот“, односно заштитниот механизам со кој се избегува враќањето на ткн тврда градница на Ирскиот остров, би требало да се исфрли од договорот кој Брисел го постигна со неговата претходничка Тереза Меј и да се замени со двострано обврзување на алтернативно решение.

„Бекстопот е гаранција за избегнувањето на тврдата граница на Ирскиот остров сѐдодека не се пронајде алтернативно решение. Оние кои се против бекстопот, а не предлагаат реални алтернативни, всушноста ги поддржуваат враќањето ан границата, иако тоа не сакаат да го признаат“, напиша на Twitter Туск отфрлајќи го предлогот на Џонсон.

Портпаролката на Европската комисија рече дека писмото на Џонсон „не нуди правно оперативно решение за да се спречи враќањето на границата“, и додаде дека ставот на ЕК е дека бекстопот и натаму е „единствениот начин“ границата меѓу Северна Ирска која е покраина на Обединетото Кралство и Република Ирска како членка на Европската унија и натаму да остане отворена како дел од мировниот договор на Велики петокот од 1998 година со кој беше запрено неколкудецениското крвопролевање.

Европските политичари стравуваат дека враќањето на контролата на границата меѓу двете Ирски би може да ги разбуди тамошните нетрпеливости, а Лондон го отфлра решението контролите на стоките да се спроведуваат мешу Ирскиот остров и остатокот од Кралството, бидејќи смета дека тоа го загрозува интегритетот и суверенитетот на државата.

Северна Ирска на референдумот за британското членство во ЕУ гласаа со 55,8 отсто за останување, како и Шкотите со 62 отсто, додека за излегување решаваше најнаселената Англија со 53,4 и Велс со 52,5 отсто.

 

Векстопот предвидуваат во случај да не се договорат трговските односи во двогодишниот преоден период по брегзиот Обединетото Кралство да остане во царинската унија. Џонсон смета дека тој е „антидемократски и го нарушува суверенитетто на британската држава“, како и дека со тоа би се спречило водење независна трговска политика.