Ивановски : Потребна ни е работна сила конкурентна со европската

Како да им се помогне на младите луѓе преку здобивање со ИКТ знаења и вештини, зошто квалификациите и вештините се важни, како да се најде работа, што е потребно да се започне сопствен бизнис, се само дел од прашањата кои се покренуваат на дводневниот настан Microsoft Youthspark Live Event, кој организација на Microsoft Македонија и во соработка со Центарот за иновации, се одржува во Скопје.
Свое обраќање имаше и министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, кој пред студентите ги пренесе своите видувања за развојот на информатичко-комуникациската област во земјата и во светот, како и бенефитите кои можат да се ползуваат од неа во доменот на нови работни места и раст на економијата.

„Според статистиката на Меѓународната телекомуникациска унија (ITU) за 2014 година, во светот има седум милијарди мобилни корисници, на интернет преку мобилни уреди се приклучени околу 2,3 милијарди корисници, додека три милијарди имаат интернет конекција. Тоа е огромен потенцијал, чиј акцент сега се става на африканските и азиските земји. Од наш аспект, потребно е да креираме работна сила која ќе биде компетентна рамо до рамо со работната сила во Европа и во светот. За да бидеме подобри од другите потребна ни е подобра едукација, подобар образовен систем кој ќе ги направи младите луѓе конкурентни на пазарите,“ рече во своето обраќање министерот Ивановски.

Во тој контекст тој го најави отворањето на новиот факултет за информатичко-комуникациски технологии наесен, кој ќе биде во рамките на Универзитетот Св. Климент Охридски во Битола, што ќе претставува уште еден придонес во развојот на информатичкото општество во земјата.

„Многумина од младите се фокусираат само на висината на оценките и на стекнувањето на дипломата при студирањето, но тоа е корисно само кога одите на интервју за одредено работно место. За компаниите и бизнисот исто така значајно е знаењето и вештините во праксата. Затоа се потребни и дополнителни обуки после образованието, кои ќе создадат стручњаци во ИКТ областа.„- додаде Ивановски.

Генералниот директор на Microsoft Македонија, Стефан Плавјански, од своја страна истакна дека главен проблем кај младите луѓе во Македонија и во светот е невработеноста, па таа е речиси двојно поголема кај нив отколку кај повозрасната популација.

„Како Microsoft цениме дека сите програми треба да се насочат кон младите, со цел да го најдат своето место во општествата. Глобалната иницијатива Youthspark преку партнерства со НВО и бизнис заедниците настојува да ги поттикне младите да ги насочат своите квалитети кон развивање на сопствени бизнис планови„- рече Плавјански.

Тој додаде дека вкупно 42 земји во светот постои Microsoft Иновативен Центар, притоа изразувајќи надеж дека со помош на македонската влада и институциите на системот ќе се отвори ист таков и во Македонија, во рамките на кој ќе функционираат највисоките технологии со кои ќе се развиваат иновативни бизнис модели.р се потруди да донесе претставници од самата компанија на регионално и глобално ниво, но и од други компании кои низ минатите години , со правилна комбинација на своите знаења и квалитети и алатките и можностите кои ги нуди Мајкрософт, успеале да го остварат својот сон. На настанот обраќања имаа и министерот за економија, Ваљон Сарачини, како претставници на регионалните и глобалните канцеларии на Microsoft, Mairead Keigher од Microsoft CEE како и Raya Yunakova од Microsoft Bulgaria.