Јувентус, актуелниот италијанскиот шампион новата сезона во Серија А ќе ја отвори в сабота против Парма, а на „Енио Тардини“ нема да присуствува новиот тренер, Маурицио Сари.
Како што се наведува, Саривеќе пропуштил неколку тренинзи на Јувентус поради воспаление на белите дробови, а од таборот на торинскиот клуб соопштија дека тој нема да ја води екипата во првите две кола од новата сезона во Серија А.
Така, освен гостувањето кај Парма, Јувентус ќе биде без својот тренер и на дуелот против Наполи во второто коло.
Од Јувентус соопштија дека ваквата одлука е донесена за на Сари да му биде овозможено соодветно опоравување и со цел што е можно поскоро да им се врати на своите обврски.