СВР Охрид поднесе кривична пријава против П.Ј.(57) од селото Белчишта, Дебарца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,несовесно работење во службата“.
На 27 август минатата година, тој како референт во ЈП-ШПС „Галичица“ Охрид, при премер на опожарена дрвна маса, без претходно решение од надлежна комисија за проценка на квалитет, извршил проценка на квалитетот на опожарената дрвна маса според којашто му овозможил на Р.И. како купувач да му биде издадена испратница со повеќе дрвна маса од реалната количина, на штета на Буџетот на ЈП „Македонски шуми“.