Вечерва околу 21 часот дошло до пукање во кафулето „Гондола“ во центарот на Нови Сад, кога едно лице е убиено, а друго е рането.
Според првичните неофицијални податоци кои ги објави Блиц, убиен е Војислав Шкрбиќ (37) додека тешко е рането уште едно лице кое седело до него.
Во пукањето, наводно учевствувале двајца напаѓачи кои испукале повеќе куршуми во Шкрбиќ и неговиот пријател кои седеле во кафулето. Во моментот на пукањето кафулето било полно со гости. Во паника, луѓето почнале да бегаат под маси, а напаѓачите избегале во непознат правец.
Како што пишува Блиц, ова не е првпат да се пука врз Шкрбиќ, до сега бил напаѓан повеќе пати, но секогаш извлекувал жива глава.
Во Белата книга на МВР Србија своевремено бил споменуван како член на неколку организирани криминални групи и еден од главните дистрибутери на хероин во Нови Сад и Војводина.Во 2009 година бил осуден на 11 години затвор.