Убедливи Белгија и Холандија, победа на Германија славеше во Белфаст

Во средбата од шестото коло од Групата И, Велгија рутински го одработи гостувањето во Шкотска со 4:0 со што ја оствари шестата победа во квалификациите за Европското првенство во 2020 година/

Белгијците ја завршија работата за половина час, кога постигнаа три погодока, а стрелци беа Ромелу Лукаку во 9, Вермален во 24 и Алдерверрелд во 32 минута, а асистент за сите три гола беше Кевин де Брујне. Најдобриот играч на мечот и самиот се запиша во листата на стрелците во 82 минита.

Русија во Калининград го скрши отпорот на Казахстан дури во 89 минута со голот на Марио Фернандез. Кипар, пак, без проблеми со 4:0 победи на гостувањето во Сан Марино.

Белгија води со 18 бодови, Русија има 7, Шкотска 6, Кипар 4 а Сан Марино е без бодови.

Во дуелот на двете водечки селекции во Групата Ц, Германија во Белфаст со 2:0 ја победи досега непоразената Северна Ирска. Стрелци беа Марсел Халштенберг во 48 и Серж Гнабри во 90 минута.

Холандија немаше проблема во Естонија каде што победи со 4:0. Два гола постигна Рајан Банел во 17 и 48 минута, а по еден постигнаа Мемфис Депај во 76 и Георгион Вијналдум во 87 минута.

На табелата водат Германија и Северна Ирска со по 12 бодови, Холандија има 9, Белорусија 3 а Естонија е без бодови.

Во средбата од Групата Е Словачката како гостин во Будимпешта ја совлада Унгардија со 2:1 (1:0). Погодоците за Словаците ги постигнаа Мак во 40 и Боженик во 56, додека Унгарците накусо израмнија во 50 минута преку 18-годишниот Шобошлаи кој одлично биеше од повече до 20 метри одкосо.

Претходно во понеделникот Хрватска на гостувањето во Баку кај Азербејџан одигра само 1:1 иако имаше водство во првото полувреме. Светските вицешампиони поведоа уште во 11 минута преку пенал кој го релизирапе Лука Модриќ, но домашните израмнија во 72 минута преку Тамил Халилзаде.

Хрватска и без планираните уште два бода од Баку остана на врвот на табелата со 10 бодови, а следат Словачка и Унгарија со по 9 бодови, додека Велс е четврти со 6 бодови и меч помалку. За Азербејџан ова беше првиот бод во квалификациите.