Екстремистите на Украинскиот десен сектор убиле 30 воени регрути кои го предале оружјето за да ги одбранат локалните цивили и уште 11 војници се убиени и 32 ранети во одвоени случаи, а имало жртви и меѓу членовите на народната милиција на Луганск, јави руската новинска агенција Итар Тас.
Черни, портпаролот на народната милиција на самопрогласената Луганска Народна Република, наведе дека инцидентот со регрутите се случил во четврток, во текот на разговорот меѓу народната милиција и владините сили во градот Привоље.
„Во четвртокот слушнавме дека војската се обидува да го освои градот во Лисичанск. Испративме група за преговори. Колоната на Украинската национална гарда беше блокирана со цивили од задната страна, вклучувајќи и жени и деца. Додека траеја преговорите, пукотници слушнаале и седум членови на народната милиција на Луганск се убиени и 16 се ранети“ објасни Черни.
Тој нагласи дека 30 припадници на украинската бригада го предале оружјето за да ги одбранат цивилите и екстремистите на украинскиот Десен сектор ги убиле сите, наведува Итар Тас.
„Мажите беа на отворено и никој не се криеше, кога беа испалени смртоносните истрели, а потоа следуваше пукотница која траеше околу половина час, се слушнаа минофрлачки гранати, а куќите останаа во пламен“, опиша Черни.
Според неговите зборови, 11 оклопни возила на Украинската Национална гарда учествувале во овој судир.
„Ние го заробивме командантот на едно возило. Тој остана незаштитен од своите сопствени сили.“, рече Черни.
Судејќи според се, украинската војска во четвртокот, по грешка, отворила оган на своите сили кои се враќале во Близина на градот Рибежноје, во регионот Луганск и убила 4 војници и ранила 16, потврдил воениот лекар Генади Моралишвили.
Моралишвили рекол дека цивилите прво ја блокирале украинската воена единица на патот кон Рубежној и дека војската била спремна да се предаде и дека прифатиле да го предадат оружјето. Им било дадено за јадење и паравоените сили на 25 дивизија Дњепропетровска ги враќала назад, но на патот се нашле на удар на оганот на своите сили и четворица се убиени , 16 ранети, меѓу нив имало и цивили.