Заев: Нема што да се плашиме од „Рекет“, кој е инвловиран ќе одговара

Премиерот Зоран Заев вечерва, во интервју за „Сител“ уште еднаш повтори дека предметите на СЈО мора да имаат иднина и тоа, како што рече, е црвената линија што не смее да се помине во преговорите со опозицијата.

За власта, потенцира Заев, е прифатлив предлогот новото обвинителство да го води обвинител предложен од опозицијата што потоа ќе го избере парламентарното мнозинство, а ќе го верификува Советот на јавни обвинители.

-Тоа мора да биде некој „тешкаш“, издржан. Предлогот Никола Груевски, Владимир Јован Илиевски или Марко Зврлевски секако не може да помине. Иднината на предметите се причината. Јас и власта се бориме да биде загарантирана нивната иднина од трансферот, по заокружувањето на СЈО тие предмети мора да имаат иднина, а Мицкоски и неговиот тим бараат предметите да бидат амнестирани, да се заташкаат, да се уништат. Иднината на предметите е црвената линија што не смее да се помине, подвлече Заев.

Во врска со „Рекет“ истакна дека не треба никој да се плаши. Секој што истрагата ќе покаже дека е инволвиран, треба да одговара.

-Граѓаните ги чекаат одговорите, трагата на парите и кој се е инволвиран. Нема што да се плашиме од „Рекет“. Истрагата ќе покаже кој е инволвиран. Секој што е инволвиран треба да одговара, дециден е премиерот.