Најдобро решение за ОЈО ќе биде кога Зоран Заев ќе реши да ги тргне рацете од обвинителството и судството и кога ќе одлучи да има независно судство вели во интервјуто за телевизија МТВ 2 лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Мицкоски потенцираше дека прелозите од страна на власта се сосема спротивни на тоа и дека се забележува директно влијание на Зоран Заев врз обвинителството.
– Еве јас ќе се обидам со една кратка компарација бидејќи ова не може да биде краток одговор да ви кажам кои се нашите, а кој се позициите на СДСМ. Нашата позиција е независно обвинителство, нивната позиција е обвинителство кое ќе биде контролирано од СДСМ и Зоран Заев. Нашата позиција е еднакви услови за сите граѓани, за нив позицијата е услови само за оние кои што се нивни поданици обожаватели или љубители на ликот и делото на Зоран Заев истакна Мицкоски.
Претседателот на најголемата опозициона партија кажа дека позицијата на ВМРО ДПМНЕ е правда без исклучок односно права линија додека позицијата на СДСМ е отсечка која што ќе бара правда само во периодот од 2008-2015 додека пред 2008 година и после тој период за СДСМ не важи.