Фудбалерите на Арсенал ремизираа во петтото коло од англиската Премиер лигата кај Вотфорд, иако на речиси половина час пред крајот имаа водство од два гола.
Лондонските „Топчии“ дојдоа во водство од 2:0 со головите на Пјер-Емерик Обамејанг во 21 и 32 минута, но во второто полувреме му дозволија на Вотфрод да направи пресврт во играта и да израмни преку Том Клеверли во 53 минута и Пареира во 81 минута од пенал а до крајот на мечот домашните имаа шанса и да победат.
Арсенал е седми со осум бодови, а Вотфорд остана последен 20-ти со два бода.
Претходно Борнмут со 3:1 го порази Евертон. Домашните поведоата во 23 минута преку Калум Вилсин, а за гостите израмни Доминик Калверт-Левин во 44 минута. Во второто полувреме играчите на Борнмут двапати, преку Рајан Фрејзер во 67 и вториот гол на Вилсон во 72 минута, ја затресоа противничката мрежа, а ја сочуваа својата.
Борнмут е осми со седум бодови, колку што има и Евертон но кој поради полошата гол-разлика е на 11-ти место.
На врвот со максималнмите 15 бодови е Ливерпул, додека актуелниот шампион Манчестер Сити по вчерашниот пораз на гости кај Норич е втор со пет бода помалку. Со по осум бодови следат другите тимови од „големат шестка“ – Тотенхем, Манчестер Јунајтерд, Челзи и Арсенал, плус Лестер Сити.
Колото во понеделник го затвора дуелот меѓу Атон Вила и Вест Хем Јунајтед.