Сигурни гостински победи на Фрајбург и Шалке

Во двата неделни натпревара од четвртото коло од германската Бундеслига Фрахбург со 3:0 го победи домашниот Хофенхајм, додека Шалке 04 со 5:1 славеше кај новиот прволигаш Падеборн.

Стрелци за Фрајбург беа Кристијан Гинтер во 11, Јаник Габерер во 38 и Нилс Петерсебн во 59 минута.

Со оваа победа Фрајбург има девет бодови и е трет на табелата со ист број бодови како и втората Борусија Дортмунд, а под помалку од водечкиот РБ Лајпциг. Со осум бодови на четвртото и петтото месо се Баерн Минхен и Волфсбург. Хофенхајм е 13-ти со четири бодови.

Падеборн како домаќин поведе уште во 8 минута преку Каули Оливеиера Соуза, но Шалке до крајот на полувремето израмнио со голот на Салиф Сане. Во второто гостинските стрелци се разгоропадија и преку Суат Сердар во 49, Амине Харит во 71 и 85 и Ахмед Кутучу во 83 минута ја наполнија домашната мрежа.

Шалко моментално е шести на табелата и ја води групат екипи со седми бодови меѓу кои се и Борусија Менхенгалдбаг и Баер Леверкузен. Падерборн со едно реми и еден бод е на претпоследното 17-то место.