Првиот германски астронаут Зигмунд Јен почина на 82-годишна возраст, пренесува во неделата телевизијата N24 повикувајќи се на Германската вселенска агенција (DLR).
„Со смртта на Зигмунд Јен, загубивме признат астронаут, научник и инженер. Тој секогаш градеше мостови меѓу Истокот и Западот, за залагаше за користење на Вселената во мирни цели. Ќе ја чуваме оваа пораќа и ќе се водиме од неа“, изјавил челникот на DLR, Паскал Еренфројнд.
Зигмунд Јен, роден на 13-ти февруари 1937 година во сојузната држава Саксонија, беше првиот и единствен астронаут во поранешната комунистичка Демократска Република (Источна) Германија и истовремено првиот Германец кој патувал во Вселената.
Јен на 26-ти август 1978 година стана првиот Германец кој полетал во Вселената. Заедно со советскиот космонаут Велериј Биков, со леталот „Сојуз-31“ леташе до орбиталната станица „Саљут-6“. Слетувајќи на Земјата со вселенскиот брод „Сојуз-29“, Јен е одликуван со орденот Херој на Советскиот сојуз, Херој на ГДР, а подоцна е пензиоран со чин генерал-мајот на воздухопловните сили.
По обединувањето на двете Германии соработувал со Германската вселенска агенција (DLR), како и со Европската вселенска агенција (ESA). До 1993 година беше претставник на DLR и ESA во Москва, а потоа и како претствник на европската агенција во рускиот Центар за обука на космонаути.
Вториот Германец кој леташе во Вселената е астронаутот од тогашна Западна Германија, Улф Мерболд, чиј лет се одвиваше во 1983 година.