Британскиот премиер Борис Џонсон денеска ја бранеше својата одлука да го употреби терминот „акт на предавство“ додека зборуваше за новиот закон кој го приморува да бара одложување на Брегзит доколку не успее да обезбеди договор за излез на Велика Британија од ЕУ.
На состанок со група пратеници од Конзервативната партија, позната како „Комитет 1922“, Џонсон доби поддршка за неговиот аргумент дека тој закон ја подрива неговата преговарачка позиција во Брисел и затоа што го опиша како „акт на предавство“.
Пратеници од опозицијата, но и од Конзервативната партија, вчера го критикуваа Џонсон поради таквата реторика, а некои тврдеа дека тоа не само што може да ги продлабочи поделбите, туку и да поттикне на насилство против пратениците.
Премиерот беше критикуван затоа што за време на дебата изјави дека пратениците го саботираат Брегзит.
Неговите коментари натераа една пратеничка на Лабуристичката партија да го предупреди да се воздржи од насилни коментари, затоа што таквите борови звучат како „закани со смрт за пратениците“.
Џонсон и одговори да не зборува „сешто“.
Расправата беше одржана еден ден откако Врховниот суд одлучи дека суспензијата на Парламентот е незаконска.