
Судската одлука со која во Италија всушноста се декриминализира потпомогнатото самоубиство зборува за длабоките промени во италијанското општество и покрај обидот на Католичката црква и натаму да влијае врз етичките расправи.
Барајќи, сепак, од парламентот да го донесе законот за споменатото прашање, Уставниот суд во средата вечерта одлучил дека потпомогнатото самоубиство може да се прогласи за законско, доколку се стекнати следните три услпова: болест која предизвикува неподносливо патење и која не може да се лекува, согласност од болниот и контрола на државните власти.
Во Италија, како земја со силна католичка традиција, ваквата одлука има историска важност, бидејќи кривичниот законик во принцип го казнува „поттикнувањето и помагањето во самоубиство“ со затворска казна од 5 до 12 години.
Уставниот суд одлучуваше во случјајот на челникот на Радикалната партија, којашто заговара абортус и евтаназија, а кој во 2017 година во Швајцарија го однесе познатиот италијански ди-џеј, инаку тетраплегичар, поради потпомогнато самоубиство.
„Поради ваквата одлука на Уставниот суд, парламентот ќе мора да донесе закон“, изјави за медиунмите Кристина Папа, професорка на универзитетот во Перуџа.
Католичката црква, пак, жестоко се спротиставува на ваквата одлука. Италијанскиот кардинал Џовани Анџело Бечиу, од Конгрегацијата за прогласување на светии, предупредува на „опасност од ширењето на културата на смртта“.
Надбискупот на Чиети-Васта, Бруно Форте, мисло дека „изостанувањето на јасното повикување на приговор на совеста може да се протолкува како обврска“ во врска со помогнатото самоубиство. Од христијанска гледна точка, додава, „тоа е недозволиво: животот е Божји дар и никој нема право да го одземе ниту да му помогне на друг тоа да го стори“.
Најмалку 4.000 католички лекари се подготвени да се повикаат на приговор на совеста, дококлку се најдат пред вакво барање, објави нивното струково здружение.