Агенцијата Fitch Ratings го зголеми кредитниот рејтинг на Србија од ББ на ББ+, што ресорниот министер Синиша Мали го оцени како „огромен успех“ и „уште една потврда на успешноста на реформите кои се спроведуваат“ во земјата, објави на својата интернет страница српското министерство за финансии.
Зголемувањето на кредитниот рејтинг на ББ+ српскиот министер го гледа како дополнително зголемување на конкурентноста на домашната економија, „особено во инвестициските текови“, откако по низата реформи е „воспоставена макроекономска стабилност“.
„Сега имаме уште подобри шанси да привлечеме уште повеќе инвестиции. Истовремено, препознаено е и дека инфалцијата е стабилна и ниска, а девизните резерви се зголемени, што ја јакне отпорноста на нашата земја на надворешните шокови“, оценува Мали.
Подобриот кредитен рејтинг, истакнува српскиот министер за финансии, би требало да ја води Србија „кон намалувње на ризикот и падот на каматните стапки и за економијата и за државата“, како и за „неспоредливо поглемите деловни можности“.
„Морам да потсетам дека во 2014 година имавме јавен долг поголем од 70 отсто од бруто националниот приход (БДП), додека на крајот од јули оваа година тој изнесуваше 51,9 отсто“, вели Мали и додава дека Србија своите обврски ги „исполнува навремено, што дава дополнителна сигурност кај кредиторите“.
Според него, агенцијата Fitch Ratings, предвудува дека јавниот долг во однос на БДП-то во 2021 година ќе изнесува 46,2 отсто.
Мали истакнува дека Србија „води одговорна фискална и монетарна политика“, како и дека поради суфицитот во буџетот кој го има веќе трета година со ред, може да се зголемат пензиите и платите во јавниот сектрот, и да се планираат нови вложувања.
Според процената на Народната банка на Србија од 10-ти јули, бруто девизните резерви на крајот од јуни изнесувале 12,14 милијарди евра, што е за 490,5 милиони евра повеќе отколку во мај. Централната банка истакан дека девизните резерви во јули годинава биле на највисокото ниво од 2000 година.