6.8 C
Skopje
недела, ноември 24, 2024

На Заев не му е потребна ефикасна безбедносна агенција, туку алатка за пресметка со политичките неистомисленици

Повеќе од јасно е дека на Зоран Заев не му треба професионална и ефикасна безбедносна служба, туку му треба политичка алатка која што ќе ја злоупотребува во пресметка со своите неистомисленици. Тоа што Заев го направи со СЈО, сега гледаме дека го прави и со Агенцијата за национална безбедност. Наместо професионализација, стандарди и систем на кариера, критериумите што ги воспоставуваат за влез и распоредување во новоформираната Агенција се партиска книшка, роднинска поврзаност и по можност инволвираност во криминал за да може да бидат уценувани за извршување на партиски задачи. Затоа прашуваме, дали има меѓу селектираните лица со криминални досиеја и лица кои биле предмет на опсервација на поранешната УБК? Дали има лица за кои биле поведувани дисциплински постапки поради тоа што несовесно ја вршеле работата на претходните позиции? Како овие лица ги минале проверките, а професионалци кои со години работеле во безбедносниот сектор се елиминирани? Дали ваквата кадровска политика се должи на тоа што Јовче Ременски беше меѓу првите преземени кадри во Агенцијата, а целиот процес го водат негови блиски соработници“, рече Ѓоргиевски.

Притоа потседи дека Јовче Ременски, сопруг на поранешната потпретседателка и пратеничка на СДСМ, Фросина Ременски која беше почесен претседател и на „криминалнио“т невладин сојуз на Боки 13, јавно се закануваше со апсења, злоупотребувајќи ја службената позиција во УБК, истакна Ѓоргиевски.

Потенцираше дека постојат сериозни сомневања дека комисиите кои го вршеле оценувањето правеле злоупотреби и прифаќале службени белешки со невистинита содржина, а не се земени во предвид последните полугодишни оценувања од 2019 година. При преземањето исто така не е спроведен тест на интегритет, ниту е извршено психолошко тестирање или писмено тестирање на кандидатите. Сите информации укажуваат дека е постапено е само за да се протнат партиски кандидати на СДСМ.

-Затоа, почитувани, стартот на работењето на новата Агенција за национална безбедност е целосно фијаско. Промашување до промашување. Затоа Агенцијата и после еден месец од помпезната прес конференција на директорот Виктор Димовски се уште не е во функција. Затоа собраниската Комисија за надзор на службите излегува со сериозен сомнеж за кршење на законите уште од самиот старт на оваа Агенција. Зоран Заев со својот однос кон институциите, го загрозува демократскиот капацитет на Македонија и напредокот во евроинтеграциите. Затоа ВМРО-ДПМНЕ бара да се ревидира процесот на селекција на кандидатите за влез во Агенцијата за национална безбедност. Бараме да се формира нова комисија бидејќи постојната веќе го загуби кредибилитетот. Бараме да се ревидира начинот на вршење на безбедносни проверки и да се утврди како е спроведено сегашното оценување на кандидатите, додава Ѓоргиевски

Без соодветен одговор и без доверба во новоформираната институција, нема да добиеме Агенција која ќе служи за да се грижи за нашите граѓани и ќе биде почитуван партнер на безбедносните служби од нашите пријателски земји, туку ќе добиеме уште еден партиски апарат кој ќе произведува нови афери со огромен ризик по нашата држава, подвлече Ѓоргиевски.