Уредникот на весникот „Слободен печат“ и раководител на порталот „Плусинфо“ Бранко Героски продолжува со провокации и лекување комплекси на сметка на државата преку постови на неговиот профил на социјалната мрежа Фејсбук, пишува порталот „Курир“.
Откако пред неколку дена реплицирајќи му на колумнистот Арсим Зеколи за случувањата во Ѓорче Петров откри дека се залaгал за измена на преамбулата на Уставот и дека уште во далечната 1997 година студентските демонстрации против педагошката академија на албански јазик ги нарекол фашистички и отворено се залагал за измена на преамбулата на Уставот, Героски сега тврди дека Старата преамбула ги фаворизирала Македонците и не била добра.
„Преамбулата не беше добра, бидејќи ја фаворизираше македонската нација пред другите националности (етнички групи). И денес би ја сменил“, без размислување, пишува Героски, објавува „Курир“.
Претходно, Героски го праша Зеколи дали се сеќава кои новинари и кои медиуми најчесто ги осудуваа националистичките дивеења во Влае и во Центар, но и во многу други слични прилики.
„Уште поназад во нашата понова историја, дали би можеле да се сетите кој медиум и кој новинар уште во далечната 1997 година студентските демонстрации против педагошката академија на албански јазик ги нарече фашистички и поради тоа весникот му го палеа на плоштад? Дали знаете кој бараше да се смени преамбулата во македонскиот Устав, која Албанците ги дефинираше како граѓани од втор ред? Дали знаете кои новинари и медиуми во оваа земја со години се напаѓани како “предавнички”, меѓу другото и затоа што се залагаат за правата на Албанците? И вам сега ви текна баш нив да ги напаѓате?“, напиша Героски.
Дополнително, новинарот кој жестоко ја брани политиката на опозицијата продолжува со недоличен речник и говор на омраза преку својот ФБ профил откако за среќа не му успеа идејата за разгорување на страстите по убиството во Ѓорче Петров и пokрај тоа што постојано преку своите медиуми долеваше масло на оганот.
„Ги молат опозиционерите и граѓанските активисти да им го смируваат Ѓорче Петров и да го земат на себе кабаетот, за тие пак да глумат патриоти и да собираат поени. Најважно од се’, за прв пат ние ги гледаме бело и им велиме – ало дечки, ма кој ве е*е!“, пишува Героски.