![novo](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/05/novo.jpg?resize=696%2C394&ssl=1)
На булеварот Србија во населбата Ново Лисиче во близина на бензинската пумпа – каде што веќе има градежна дупка, пропадна земјата и ги повлече автомобилите кои беа паркирани покрај паркингот, објавува порталот „МК. ЊУЗ“
Еден автомобил целосно пропаднал во дупката која што е преполна вода.Одвреме на време се слуша ужасен звук на рушење, полицијата ги советува граѓаните да не се доближуваат бидејќи е можно водата целосно да го повлече и другиот дел од паркингот.
Зад овие паравани има ископано огромна дупка за темели бидејќи во тек се градежни работи, најверојатно поради силното невреме и огромната количина вода дупката се преполнила и ја повлекува со себе и околната земја.