Скопје се дави во смет и депонии, а Шилегов нема решение и печали на грбот на скопјани

Скопје се дави во смет и депонии, а Шилегов нема решение и печали на грбот на скопјани, ова денеска преку соопштение го истакна Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

-Скопје продолжува да биде најзагаден град во Светот, без градска депонија кока ќе ги исполнува европските и светски стандарди. Откако два дена Шилегов се фалеше со прескапо платената опрема за собирање смет, никаде го нема да одговори зошто го оштети буџетот на Скопје за 16 милиони денари пари кои можеше да ги заштеди и инвестира за доброто на скопјани. Вредноста  на набавката е 1.5 милиони евра или околу 90 милиони денари од буџетот на Градот Скопје. На истата набавка мора да се плати ДДВ во вредност од 18% или околу 16 милиони денари. Ако парите преку Советот на Град Скопје се префрлеа на Јавното Комунално Претпријатие и тоа со сопствени средства ја набавеше опремата за набавка на сметот, ќе се заштедеа парите од ДДВ бидејќи тоа е основна дејност на претпријатието. Со заштедените средства ќе можеше да се инвестира во нова опрема. Од друга страна на депонијата Дрисла се гледа како на мегдан за правење на бизнис интереси на луѓето од власта и оние блиски до Зоран Заев. Додека Шилегов не мрда со малиот прср Скопјани се гушат во сметот и депониите за кои Шилегов нема решение, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Советничката група додава дека 2 години крадоначалник Шилегов, 2 години лаги, криминали и неработа.