![struja](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/09/struja.jpg?resize=696%2C392&ssl=1)
Заради реконструкција на водоводна мрежа со пречник 80 мм на ул. „Павел Шатев“, утре без вода ќе бидат делови од општина Центар.
Како што информираат од РЦУК, во перод 09:00 часот до завршување на интервенцијата без вода ќе бидат корисниците од улица „Серска“, дел од улица „Партениј Зоографски“, улица „Димче Мирчев“, дел од улица „50-та Дивизија“ и објектот на МВР во населба Црниче, сите во општина Центар.