Покачувањето на платите од 5 % на административците е замачкување очи

СДСМ одби покачување на платите на вработените во јавниот сектор за 10%. Зоран Заев и Кочо Анѓушев се лицемерни со административците. СДСМ со покачувањето од 5% само им замачкува очи на административците, стои во новото соопштение од СДСМ.

–Власта не е за реално и суштинско покачување на платите. Економијата со Заев и Анѓушев само тоне. Нереалистични се сите прогнози на власта. Бројот на индустриски работници во јуни оваа година во однос на јуни минатата година е намален за 2.5%, односно на секој 100.000 работници имаме 2500 помалку оваа година во однос на лани. Со вакви лоши показатели во стопанството, со неспособноста на државата да креира добра бизнис клима и со се поголемото задолжување Македонија само тоне.