3.8 C
Skopje
петок, јануари 31, 2025

Обвинението против Ременски е внатрепартиска пресметка во СДСМ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за порталот „Макфакс“ одговарајќи на прашањето за актуелниот случај Рекет посочи дека покренатото обвинение против Фросина Ременски е всушност внатрепартиска пресметка на полициските структури во СДСМ.

Тоа е резултат на внатрепартиска полициски и параполициски пресметки кои што денеска се случуваат во министерството, но и во СДСМ, како резултат на една таква пресметка Фросина Ременски практично е дел од ова обвинение, вели Мицкоски.

Ги искоментира и изјавите на Заев за дистанцирање на Ременски од партијата се додека не се докаже нејзината невиност, потенцирајќи дека доколку Заев има доблест тогаш би се дистанцирал тој самиот од себе бидејќи тој во минатото бил осмницен а подоцна и аболиран за криминал.

Инаку доколку навистина има доблест Зоран Заев да зборува за дистанцирање и откажување јавно, можеби најдобро ќе биде тој самиот од себе да се дистанцира, бидејќи во минатото тој истиот беше осомничен најпрво за сторен криминал кога беше актуелен случајот за Глобал кога беше тој градоначалник и беше аболиран, додаде Мицкоски.