
Боки 13, oд болницата „8. септември“ е вратен во затворот во Шутка, со препорака да прима терапија во затворската амбуланта, јави Канал 5 ТВ.
Одбраната на Боки 13 бара укинување на притворот, кој изминатиов период неколку пати беше пренесуван во болница. Последен пат беше кога даваше исказ во Обвинителството, кога повраќал и се жалел на болки во стомакот.
На јавната седница во Апелација Јовановски зборуваше за неговото здравје посочувајчи дека имал две неуспешни операции на желудникот.