Францускиот премиер смета оти одлуката на Турција и САД ќе доведе до заживување на ИД

Францускиот премиер Едуар Филип смета дека одлуките на Турција и САД во врска со Сирија ќе имаат сериозни последици за регионот и дека нивните постапки неизбежно ќе доведат до заживување на терористичката Исламска држава во Сирија и Ирак.

Филип, одговарајќи на прашања од пратениците, рече дека таквото сценарио ќе биде „погубно“.

Францускиот премиер го обвини Вашингтон дека дозволува и ја зајакнува турската офанзива со тоа што реши да повлече 1.000 американски војници од Сирија.