Демократската унионистичка партија (DUP) на Северна Ирска порача во четвртокот дека не може да го прифати предлогот за излегувањето на Обединетото Кралство од Европската унија кој го предлагаат премиерот Борис Џонсон и Брисел.
„Како што стојат сега работите, не можеме да ги прифатиме предлозите по прашањата царините … а недостига и јасност во поглед на ДДВ-то… Ќе продолжиме да соработуваме со владата за да се постигне разумен договор кој ѝ одговара на Северна Ирска и ја штити економијата и уставниот интегритет на Обединетото Кралство“, соопштија челничката на DUP, Арлен Фостер и нејзиниот заменик Најџел Додс.
Поддршката на DUP, која во парламентот ѝ овозможува на Кознервативната партија мнозинство во британскиот парламент, е пресудна, бидејќи некои поборници на брегзитот од северноирската партија најавуваат дека ќе ги следат ставовите на партијата по прашањето на најтешкиот дел од доворото на владата на Борис Џонсон и ЕУ – ирската граница.
Џонсон нема мнозинство во парламентот кој има 650 мандати, а за ратификација на договорот ќе му бидат неопходни 320 гласови. Северноирската DUP може да му овозможи десет гласови.