(ФОТО) Изгоре автобус на ЈСП, нема настрадани

Автобус на скопското јавно транспортно претпријатеи ЈСП во вторникот околу пладне се запалил на релација кон селата Арачиново и Грушино, но за среќа патниците биле безбедно евакуирани од возилото, информираше Министерството за внатрешни работи.

Триесет и тригодишниот Р.Б. од Скопје вчера во 13 часот во Полициското одделение Арачиново пријавил дека додека управувал автобус „ЛАЗ“, сопственост на ЈСП со бројт 55-В, на релација Скопје – село Арачиново – село Грушино, во кој имало патници, настанал пожар во делот кај моторот.

Патниците безбедно се симнале од автобусот, била повикана екипа од Бригадата за противпожарна заштита, која го локализирала пожарот, а автобусот бил целосно опожарен.