За Конте состаноците на Бар со италијанските разузнавачи биле легитимни

ANSA/ANGELO CARCONI Roma, 23 ottobre 2019. ANSA/ANGELO CARCONI

Италијанскиот премиер Џузепе Конте во средата потврди дека американскиот државен обвинител Вилијам Бар имал два тајни состанока со италијанските разузнавачи во Рим и овие средби ги опиша како „легални и исправни“.

Споменатите средби се одржале во август и септември годинава, и за нив во медиумите се пишуваше дека се дел од истрагата на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за отворање на истрагата за наводното руско мешање во американските претседателски избори во 2016 година.

Премиерот Џузепе Конте во средата истакна дека италијанските разузнавачи немале информации за ова прашање и не се вклучени во истрагата.

„Состаноците беа потполно легални и исправни, и воопшто не ги загрозија нашите национални интереси“, рече Конте на прес-конференцијата откако зад затворени врати сведочеше за ова прашање пред комисијата за национална безбедност во италијанскиот парламент.

Италијанскиот премиер рече дека никогаш лично не разговарал со американскиот државен секретар Вилијам Бар, ниту со претседателот Доналд Трамп за оваа тема. Бар барал информации за активностите на американските разузнавачи во Италија во 2016 година, откри Конте.

Истакна дека на состаноците се зборувало и за Џозеф Мифсуд, универзитетски професор од Малта кој бил клучната личност во настаните кои ја покренаа истрагата за наводното руско мешање, кое тврди дека се случило и поранешниот американски специјален обвинител Роберт Мјулер иако не понуди никакви конкретни докази. Професорот Мифсуд во времето на избувнувањето на скандалот предавал во Рим, но оттогаш исчезнал.

Американските медиуми пишуваа дека Бар се сретнал и со функционери и шпиони и во Австралија и во Велика Британија, а да ги истражи основите на страгата, вклучително и наводните докази кои довеле до тоа разузнавачките агенции во САД да тврдат дека Русија се мешала во американските избори.