Поголем шумски пожар има од вчера попладне на Шар Планина на поширокото подрачјето на селото Брезно и Варвара во месноста наречена „Вртишта“. Во текот на денешниот се интензивирање на огнот и чадот, а надлежните инфомираа дека се прави обид за гаснење и покрај тешката пристапност бидејќи огнот е високо во планината.
-Станува збор за месност каде имам папрат и сува трева, но зафатена се и шумски дрвја. Екипата од Шумското стопанство Лешница е упатена кон месноста со намера да се интервенира и спречи ширење на огнот. Местото е високо во планина и тешко достапно, информираат од подрачно одделение на Регионалнен центар за управување со кризи Тетово.
Областа зафатена со пожар е на околу 1600 метри надморска височина.