Амбасадорите на 27-те членки на Европската унија одобриле во понеделникот излегување на Обединтето Кралство од Унијата до 31-ви јануари 2020 година, објави во Брисел во понеделникот, претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.
„Дваесет и седумината се согласија да го прифатат барањето на Обединетото Кралство за флексибилно одложување на брегзитот до 31-ви јануари 2020 година“, напиша Туска на Twitter.
Оваа одлука ќе биде формализирана писмено, додава челникот на Европскиот совет.
Пратениците во британскиот парламент треба во понеделникот попладнето да гласаат за предлогот на премиерот Борис Џонсон за одржување на предвремените избори.
Минатата среда Туск им препорача на државите членки на ЕУ да го прифатат третото одложување, до 31-ви јануари, по гласањето на британските пратеници кои начелно го прифатија договорот за брегзитот, но го отфрлија кусиот рок на британскиот премиер Борис Џонсон. Ставот на амбасадорите тогаш беше едногласен за потребата од одложување за да се надмине застојот во ситуацијата со Лондон, но дека дипломатите главно се наклонети на подолго одложување, до 31-ви јануари 2020 година.
Ниту еден друг датум тогаш не беше споменат. Владата во Лондон тврдеше дека брзата процедура е потребна за да се задоволи рокот кој доаѓа оваа седмица, но пратениците порачаа дека им е потребно повеќе време.
Одложувањето мораа едногласно да го одобрат сите други 27 членки на ЕУ. Тие тоа веќе го сторија двапати, и во двата случаи со негодување на Франција којашто на крајот се согласи.
Европската комисија, и ја исклучија секоја можност од повторно преговарање за раздружувањето.
Пред десетина дена британскиот премиер Борис Џонсон во Брисел постигна нов променет договор за брегзитот, но беше принуден да бара одложување на рокот, бидејќи на тоа го принудува законот изгласан претходно во парламентот. Британските пратеници начелно го прифатија договорот на Џонсон за брегзитот, но во второто гласае го отфрлија негвото итно излегување на 31-ви октомври, барајќи дополнително време да ги проучат законот врз чијашто основа ќе се спроведе раздружувањето. Џонсон претходно порачуваше дека во секој случај ќе го спроведе брегзитот на 31-ви октомври, со или без договор.
Обединетото Кралство првично требаше да ја напушти ЕУ на 29-ти март годинава, а овој датум беше одложуван веќе двапати, на 12-ти април и на 31-ви октомври.
Британските пратеници во понеделникот попладнето треба да расправат за предлогот на премиерот Џонсон за распишување предвремени избори на 12-ти декември.
За предлогот за нови избори да мине, на конзервативците им се потребни две третини во долниот дом на парламентот, односно 434 гласови. Џонсон повеќе нема мнозинство во парламентот, но две опозициски партии најавија подготвеност да ги поддржат предлогот за прдвремени парламентарни избори. Најголемата опозициска Лабуристичката партија, повторни дека нема да ги поддржи предлогот на Џонсон за предвремени избори, сѐ додека потполно не биде отстранета можноста за излегување од ЕУ без договор.