7.8 C
Skopje
петок, ноември 1, 2024

Во изборната програма на Џонсон нема брегзит без договор

Британскиот премиер Борис Џонсон се откажа во изборната програма на својата Конзервативна партија да има закана дека ќе ја изнесе Велика Британија од Европската унија без договор, пренесува Times.

Весникот наведува дека во фокусот на предизборната програма на партијата ќе биде работата за поддршка на неговиот договор за Брегзит.

Џонсон претходно најави дека ќе ја изнесе Велика Британија од ЕУ со или без договор на 31 октомври, но беше принуден од Парламентот да побара продолжување на рокот за Брегзит до крајот на јануари.

Предвремените избори во Велика Британија ќе се одржат на 12 декември.