Потоп на Барселона кај Леванте

Во саботата попладнето во рамите на 12-то коло од шпанското фудбалско првенство се одиграа два дуела на клубовите од Барселона и Валенсија, во кои подобри и тоа со пресврти беа тимовите од Валенсија.

Барселона поведе на гостувањето кај Леванте со голот на Лионел Меси од пенал во 38 минута. Каталонците во овој период го контролираа мечот но беа многу лежерни кога требаше да се нападне противничкиот гол и да се обезбеди посигурно водство. Тоа им се одмазди во кога во периодот од 61 до 68 минута Леванте од првите три шута кон голот на Тер Штеген постигна три гола. Стрелци беа Кампања во 61, Борха Мајорал во 63 и Радоха 68 минута.

Барселона и натаму води на табелата со 22 бода, еден повеќе со меч повече од вторипласираниот Реал Мадрид кој од 21 часто игра со Бетис, додека Леванте на македонскиот репрезентативец Енис Барди кој одигра солидно, е на осмото место со 17 бодови.

Претходно во Барселона, Валенсија исто така со пресврт го победи со 2:1 домашниот Еспањол. Домашните поведоа преку пенал што го реализираше Марко Рока во 31 минута, а во 69-та исто така од пенал израмни Дан Парехо. Победата на гостите им ја обезнеди Макси Гомез во 80 минута.

Моментално деветтата Валенсија има 17 бодови, додека Еспаљол е претпоследен 19-ти со осум бодови.