Американски тренер казнет поради победа со преголема разлика

Тренерот на екипа во американски фудбал (рагби) од Лонг Ајсланд е суспендиран откако неговата екипа го победила противникот со 61:13, пренесува во саботаа BBC.

Тренерот на средношколската екипа Плејнеџ, Род Шејвер, нема да ја води екипата на следниот натпревар, бидејќи го пркршил локалното правило за „чесен резултат“. Според него, тренерите мора на посбена комисија да го објаснат резултатот, ако разликата е поголема од 42 поени.

Правилото е на сила три години, не неговата цел е да се заштитат послабите екипи од понижување и обесхрабрување. Шејвер е првиот тренер кој е казнет за негово прекршување.