![hristijan mickoski](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/11/hristijan-mickoski.jpg?resize=696%2C538&ssl=1)
Потребна е обнова затоа што македонската држава е ограбена и осиромашена од Зоран Заев и неговите луѓе, рече во саботата лидерот на ВМРО-ДПМН, Христијан Мицкоски на гостувањето на телевизија Плус во текот на неговата посета на Куманово.
Државата е разурната, опљачкана, разграбена, понижена, осиромашена во овие речиси години откако СДСМ и Зоран Заев се во Владата. Мислиме дека врз основа на целокупната навигација што ја добиваме од терен и сите оние разоговори што ги водиме во нашите теренски активности во рамки на кампањата Обнова на Македонија, мислам дека обновата е неопходна за да го ресетираме општестевтото, рече лидерот на ВМРО-ДПМН, Христијан Мицкоски на гостувањето на телевизија Плус за време на посетата на Куманово.
Според него треба да се направат многу работи.
Себо ова што кажав, а што беше негативна појава треба да го поправиме да го корегираме. Мислам дека е неопходна таа обнова и од она кое го добивам од терен како информација граѓаните се очекува обновата да се случи час поскоро за волја на вистината и очекувањата се големи зошто зад нас ќе останат сите оние нерелизирани ветувања, посочи Мицкоски.