Морам да признам дека некако со неверување ја примивме оваа вест ако по начинот на водењето на економските и другите политики, вакво нешто можеби можеше да се очекува. На Социјалдемократскиот сојуз им беа потребни три, четири години да ја спроведат мерката, да стапи во сила за прогресивен данок и зголемување на даноците, од први јануари 2019-та година, имаа доволно време да ги предвидат сите последици, а веќе гледаме дека за десет месеци таа носи штетни последици, ова денеска на прес-конференција го истакна Трајко Славевски од ВМРО-ДПМНЕ.
Сакам на почетокот нешто друго да нагласам, ние сме загрижени затоа што имаме партија на власт која што има идеолошка конфузија подолг временски период, заснована на погрешни факти, тоа се гледа и од начинот на практикување на власта, но еве сега малку посистематски во анализата. Да се потсетиме дека тие во 2014-та година, изготвиле една програма за промени, тоа се гледа на насловната страница овде, „Промени за нов почеток“, со поднаслов „Да ја вратиме средната класа“, имено долг период Социјалдемократскиот сојуз и кога беа во опозиција и кога дојдоа на власт го имаа ова мото за враќање на средната класа. Ништо не е попогрешно од ова, оваа теза се заснова на погрешни факти, еве зошто. Неодамна пред еден месец Светска банка објави Извештај за напредокот, за економскиот раст на земјите од Западен Балкан, кој што го има насловот „Растечка неизвесност“. Извештајот е јавен документ и може да се најде на веб страницата на Светска банка на повеќе јазици меѓу кои и на англиски и на македонски. Овде имаме цитат од тој Извештај, можеби не се гледа добро ќе го прочитам, на страна 33 стои следново “Според линијата на сиромаштија од 5,5 американски долари се проектира дека за 2019 година сиромаштијата ќе се намали во Македонија под 21 процент, продолжувајќи го трендот на намалување којшто почна во 2009 година“. Ова го нагласувам Светска банка констатира дека од 2009-та година до оваа година сиромаштијата, односно стапката на сиромаштија во Македонија има постојан тренд, спротивно на она што го тврдеше Социјалдемократскиот сојуз дека се зголемила сиромаштијата некаде до 2015-та година во Република Македонија, рече Славевски.
Истакна дека уште позначајно е дека Светска банка констатира дека според нивната методологија којашто е воедначена за сите земји членки или преку 190 членки на Обединетите нации, средната класа во Република Македонија се зголемила од околу 30 проценти во 2009-та година на околу 41 процент во 2015-та година. Знаете ние бевме со години убедувани дека Република Македонија за изгубила средната класа па сега СДСМ со своите мерки, коишто се гледа сега со ретерирањето дека ги враќа назад, погрешно ја убедуваше македонската јавност.
-Да повторам ова говори за тотална идеолошка кофузија во владејачкиот СДСМ, кој што може да се види на полето на економските и социјалните политики својата програма ја темели врз погрешни факти. Оттаму не се случајност погрешните мерки на економско-социјален план, кои даваат сосема спротивни ефекти од прокламираните, а чии што последици ги сносам македонските граѓани. Да се вратиме на мерката за враќање на рамниот данок, иако во моментов почитувани не може да се квантифицираат негативните ефекти од досегашната примена на прогресивното оданочување од страна на владата на СДС. Направена е штета на повеќе полиња, ние ќе наведеме само неколку, прво да се потсетиме дека сите стопански комори, поголемиот дел од македонската стручна професионална јавност, компаниите укажуваа дека оваа мерка ќе има негативни ефекти, односно негативни резултати. И самите сега признаваат дека се зголемила даночната евазија, постои бегство на капиталот од Македонија во соседните земји, понатаму дека нема никакви ефекти ниту во прибирањето на даноци, а не е постигната целта за намалување на нееднаквоста, затоа што како што може да се види дека нееднаквоста се намалува и без тоа, односно со други мерки, мерки насочени кон економски раст во земјата. Понатаму факт е дека како резултат на воведувањето на прогресивното оданочувањето, она на што ние укажавме и укажувавме упорно во текот на изминатите неколку години, голем број на млади професионалци, особено од ИТ секторот, лекари и други професии ја имаат напуштено Република Македонија, што еве СДСМ и самите го признаваат. Понатаму, зголемувањето на даноците негативно се одрази на привлекувањето на директни странски инвестиции. Да се потсетиме дека советот на странски инвеститори сите комори кои што ги претставуваат странските инвеститори во Република Македонија, понатаму асоцијацијата или организација Македонија 2025, тоа се бизнисмени по потекло од Република Македонија кои што соработуваат со нашите бизнисмени, сите излегоа со предупредување да не се воведува прогресивно оданочување и оттука нели се разбира дека ова имаше значителен негативен ефект кон одвраќање на некои инвестиции или да ги забават своите проценки, оценки и планови за инвестирање во Република Македонија или да ги одложат, вели Славевски.
Додаде дека натаму зголемената даночна стапка за закупнините за речиси двапати ги зголеми кириите за студентите, младите брачни парови и за малите бизниси. Враќањето на рамниот данок преку суспендирање на носечката мерка од програмата на СДСМ укажува на нивната безидејност, неспособност за оценка на последните на мерките што ги предлагаат, како и неспособност воопшто за водење на економијата.
-Што СДСМ им должи на македонските граѓани во однос на ваквото салто мортале? Прво вистински треба да ги вратат парите кај граѓаните, тие постојано убедуваат дека враќале пари кај граѓаните, но гледаме дека со оваа непромислена мерка одземени се пари од голем број на граѓани. СДСМ мора да ги обештети граѓаните кои платиле повисоки даноци од воведувањето на прогресивниот данок. За да нема негативни ефекти во буџетот предлагаме веднаш да се укине мерката МОЈ ДДВ со која што и така пари се враќаат кај побогатите граѓани, оние кои што имаат повеќе да трошат. Затоа што со непромисленото зголемување на даноците најмалку се удри по богатите граѓани како што сега се гледа, како што беше прокламирано, туку цехот го платија посиромашните граѓани. Да наведеме само еден пример кој што го спомена претходно случајот со закупот на станови и деловен простор. Кога на сопственикот на недвижноста што е предмет на издавање ќе му го зголемите данокот за речиси 100 проценти, тие веднаш прават две работи. Прво или ја зголемуваат киријата што ја плаќаат студенти и младите брачни парови кои изнајмуваат станови или малите бизниси кои изнајмуваат деловен простор, а такви ги има над десетици илјади во Република Македонија, тие се најмногу оштетени. Второ издавачите на недвижности можат да одлучат да не го пријават договорот за закуп во УЈП и со тоа да избегнат плаќање на данок. Владата му предложи на парламентот целоно укинување на овие одредби од законот за личен доход што се однесуваат на прогресивен данок и зголемување на даноците а не одложување за три години. Новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе мора веднаш како една од првите мерка да му предложи на парламентот укинување на оваа мерка, а не нејзино одлагање за три години. На крај да заклучам како што видовме вчера Зоран Заев се правда дека чесно постапиле што ја укинале мерката. Господине Заев македонските и сите граѓани што живеат во Република Македонија во главно се чесни, освен во случаите кога насила со непромислени законски решенија и мерки се принудени нив да ги заобиколуваат во борбата за гола егзистенција. Но, од владата и Заев не се бара единствено да се чесни во што ние се сомневаме, туку да се компетентни и да можат однапред да ги предвидат последиците од сите мерки кои што ги преземаат а особено во случаите кога има укажување од сите страни за штетноста на тие мерки, рече Славевски.