Клинсман се враќа на работа во Бундеслигата

Јирген Клинсман се враќа во Бундеслигата како консултант во Херта (Берлин), јави ДПА.

Педесет и пет-годишниот поранешен германски репрезентативец последен пат работел во матичната земја пред 10 години, кога беше разрешен како тренер на Баерн Минхен.

Клинсман го водеше Бундестимот во 2004-2006 година и помина 5 години како селектор во САД.