Горбачев ги идентификува виновните за распадот на СССР

Последниот претседател на Советскиот сојуз, Михаил Горбачев во интервјуто за германскиот магазин Der Spiegel во саботата по повод 30-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид се осврнува и на тоа кој го испровоцирал падот на комунистичката империја.

Истакнува дека бил свесен за можните ризици од перестројката, но целото раководство на земјата тогаш разбирало дека промените се неопходни.

„Кога ја започнавме перестројката знаевме дека ризикуваме, но целото раководство на државата беше едногласно во мнението дека промените се неопходни. За крајот на перестројката и распадот на Советскиот сојуз одговорни се оние кои го организираа пучот во 1991 година, и по пучот ја искористија ослабената позиција на претседателот на СССР“, вели Горбачев.

„Невозможно беше да се живее како порано. И суштинскиот дел од перестројката беше новиот начин на размислување за надворешната политика, кои ги опфаќаат како универзалните вредности и нуклеарното оружје, така и слободата на изборот“, појаснува последниот советски челник.

Горбачев истакнува дека не жали за перестројката, но признава дека на патот на остварување на реформите имало и грешки и промашувања. Исто така, го изразува своето мнение дека Русија никогаш нема да се врати на тоталитарниот систем.

„Во 1980-те години тргнавме по патот на реформите. Имаше и грешки и промашувања. Може да се спори за тоа колку се придвиживме на патот кон вистинската демократија, но ние никогаш нема да се вратиме на тоталитарниот систем“, вели Горбачев.

Во однос на обедунувањето на Германија, Горбачев вели дека смета оти овој настан е еден од неговите најважни дела. „Јас навистина го ценам овој ден“, додава.

Советскиот сојуз фактички се распадна на 25-ти декември 1991 година, кога Горбачев обраќајќи им се на советските граѓани, го објави заршувањето на неговото претседателствување. На тоа му претходеше договорот потпишан на 8-ми декември од страна на челниците на Русија, Белорусија и Украина, во кој беше наведено престанувањето на постоењето на СССР и прогласување на Сојузот на независни држави (СНД), акт кој во историјата е позната како Беловешки договор.

Уште во 1990 година сите тогашни советски републики усвоија декларација за сопствениот државен суверенитет. Во обидот да се запре распадот на земјата, на 17-ти март 1991 година се одржа референдум за зачувување на СССР. Тогаш 76,4 отсто од оние што гласале се изјасниле „за“. Врз основата на исходот од референдумот во пролетта и летото 1991-та се појави нацрт-договорот „За Сојуз на суверените републики“, чие потпишување требаше да се случи на 20-ти август. Но, тоа не се случи никогаш, поради обидеот за преврат кој траеше до 19-ти до 21-ви август.