Бадемите спречуваат срцеви и други заболувања

Можеби звучи како претерување, но јадењето бадеми во некои случаи може буквално да ви го спаси животот. Студијата на Американското здружение за срце откри дека премалку внесување јатки може да ја зголемат можноста за развој на срцеви заболувања. Сепак, спречувањето на срцеви заболувања не е единственото нешто каде што, на пример,бадемите можат да помогнат. Погледнете за што друго се корисни.

Според една студија, луѓето кои имаат проблеми со акни, исто така, имаат недостаток на витамин Е. Бадемите можат да помогнат, бидејќи тие се полни  токму со тој витамин и разни антиоксиданти. Тие се добри за кожата и се богати со омега-6 масни киселини.
Помогнуваат во лекувањето на дијабетес
Една студија открила дека здравствената состојба на лицата со дијабетес тип 2 се подобрува кога ќе започнат да јадат бадеми секој ден. Тие се добри за артериите и го намалуваат холестеролот, а благодарение на нивните минерали, тие исто така помагаат во регулирање на нивото на шеќер во крвта.
Закрепнување од бременост и породување
Индијците имаат долга традиција да јадат бадеми како природен лек за регулирање на протокот на цревата и добивање енергија. Бадемите се основна состојка во ајурведската исхрана и честопати се препорачуваат за жени по породувањето за да им помогнат брзо да закрепнат како и да избегнуваат стрии.
Попаметни бебиња?
Една студија открила дека бадемите исто така може да ја подобрат активноста на мозокот. Бремените жени со 74 грама бадеми неделно можат да го направат своето бебе попаметно, барем според студијата на шпанските експерти, кои следеле 2.208 бремени жени. Кан исто така ги набудувала децата и изведувала тестови кога децата биле на возраст од 1, 5 и 8 години. Децата чии мајки јаделе бадеми имале повисок коефициент на интелигенција.