Хеви-метал бендот Kiss ја откажа турнејата по Австралија но одржа концерт за големите бели ајкули на пловило крај австралискиот брег, но тие не секаат да слушаат, пренесува порталот NME.
Рок-групата уште во октомври објав дека планира необничен настап во близина на градот Порт Линколн во јужна Австралија, во чијашто близина има мноштво ајкули. Музичарите своера на палубата на помал брод. Со помош на специјални звучници, звукот се емитуваше под морето, бидејќи ајкулите ги првлекуваат „звуците со ниска фреквенција на рокенролот“.
Во публиката имало само осум обожаватели кои успеале некако да набават билет, и претставници на медиумите. Ајкулите, пак, не биле заитнересирани за концертот.
„Момците одлично свиреа, имаше расвета, имаше машини за чад, сѐ беше како за концерт на Kiss“, изјави организаторот на концертот, Мет Волер. Додава дека не користеле крв за да ги привлечат големите древни предатори на „свирката“.
Солистот и гитарист Пол Стенли не можеше да настапи на концертот поради грип, поради што и беше одложена австралиската турнеја, но претходно изјави дека самиот концептот го „шокираше“. Сепак, поставата со бас гитарист Џин Симонс, гитаристот Том Тајер и тапанарот Ерик Сингер настапи на морето како дел од промоцијата на „Ербнб“ осмислена да ги промовира локациите за туризам ширум светот.