Турција ќе работи на компатибилноста меѓу руските ракети и американските авиони

Турција работи на прашањето за компатибилноста меѓу руските напредни ракетни системи за проввоздушна одбрана С-400 и американските борбени авиони од петтата генерација „F-35“, соопшти во петокот турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар.

Ние работиме на прашањето за соодветноста на F-35 и С-400. Се надеваме дека овие напори ќе донесат позитивен резултат. Анкара нема да се откаже од едното во полза на другото (вооружување). Доколку руските системи и не можат да функционираат напоредно со F-35, ќе најдеме максимално најпогодната формула за дејствување“, го цитира агенцијата Anadolu министерот Акар.

Според него, процесот на распоредување на системите С-400 на турска територија продолжува, како и обиката на воените специјалист во Русија. Минитсерот истакнува дека Анкара, исто така, нема намера да го ревидира договорот со Русија за противвоздушниот систем.

„Овие комплекси ќе бидат ставен на борбена должност. Сѐ оди според направениот план. Никој не треба да се сомнева во тоа“, вели Акар. Додава дека Турција води независна политика и при носењето одлуки не ја зема предвид позицијата на други држави.

Испораките на најновите руски системи за воздушна одбрана С-400, кои предизвикаа криза во односите меѓу Турција и САД кои се сојузници во НАТО, започна кон средината на јули. Според турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, С-400 ќе бидат целосно функционални во април 2020 година. Вашингтон побара поништување на договорот и наместо нив Анкара да ги набави американските системи „Patriot“, заканувајќи се со суспендирање па дури и целосно откажување на продажбата на авионите „F-35“ на Турција која во овој проект е и произведувач, и инвеститор и купец. Исто така, САД се закануваат и со санкции во согласност за CAATSA, односо законот За борба со непријателиет на Америка преку санкции, доколку Анкара не се откаже од руските ракети.