Декаденција која нема крај (ВИДЕО)

Таман кога ќе се помисли дека е достигнат врвот на налудничавото и недостоинствено делување на власта во оваа запрепасувачка реалност на нашата држава, секојдневно нѐ демантираат дека, сепак, тука не е крајот.

Додека премиерот Зоран Заев за проблемот со отселувањето во Македонија, во своите јавни настапи апелира до младите да останат во државава и да не прават планови за нејзино напуштање, претседателот Стево Пендаровски со спротивен став: „Kога не би бил претстедатеел и јас би се селел од мојата земја“.

Пендаровски ова го кажа во Нови Сад, со мало образложение дека никој не е луд да го троши својот живот во Македониа која со години треба да преговара за поглавјата, а просечната плата е 400 евра.

Ова е навредливо и декадентно од човек кој треба да претставува татко на нацијата и особено да ја сака својата земја без разлика на платата што ја добива.