ВМРО-ДПМНЕ: Три години со СДСМ Македонија пропаѓа, младите константно се иселуваат

Три години СДСМ, три години Македонија пропаѓа. Младите константно се иселуваат, а вчера и Стево Пендаровски кажа доколку нема функција како претседател и тој ќе се исели, констатитараат од најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, прашувајќи во соопштението „за која црна економска политика зборува Заев, кога и шефот на државата вели дека би се иселил кога не би бил претседател!? Што треба да кажат младите“!?

Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека економската политика на Заев е фијаско, а доказ за тоа се преполните автобуски и аеродроми полни со млади кои со карти во еден правец ја напуштаат државата.

„И Стево Пендаровски знае дека власта е криминална, рекетот цвета и е потоната во корупција; знае дека правниот систем е нефункционален; знае дека Македонија со Заев тоне и сите знаат дека со СДСМ Македонија пропаѓа, само Заев има розеви очила и не ја гледа реалноста’, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според опозициската партија, на 12 април завршува времето на лаги и манипулации, односно на 12 април победува ВМРО-ДПМНЕ и почнува обновата на Македонија.